Хаос во Веспрем, играчите на загревање дознаа дека едниот судија има корона-вирус!

Натпреварот од ракометната Лига на шампиони помеѓу Веспрем и Нант, кој требаше да се игра вечерва во Унгарија, беше одложен, иако двата тима се појавија на теренот и се загреваа пред дуелот. Но, додека ракометарите, меѓу нив и Кирил Лазаров и Дејан Манасков, се загреваа, дојде информација дека еден од двајцата судии од Хрватска (Мрвица или Јуриновиќ) е позитивен на ковид-19.

Откако се дозна лошата вест, имало предлог средбата да ја судат унгарски судии кои би дошле брзо во сала, но на крајот ЕХФ сепак одлучи да го одложи мечот.

- Оглас -

Најнови вести