Харден е незадржлив, даде 57 поени и е на чекор од рекордот на Чемберлен (Видео)

Џејмс Харден е незадржлив во НБА-лигата. Првата ѕвезда на Хјустон одигра историски меч постигнувајќи 57 поени во победата против Мемфис од 112:94. Харден погоди 17 од 33 удари од поле, а имаше и 9 скока. Интересно е дека популарниот Брада едноставно не ја загуби довербата во својот шут, иако на претходниот меч против Орландо погоди само една тројка од 17 обиди.

Против Орландо, и покрај очајниот шут, Харден постигна 38 поени. Утрово одбраната на Мемфис не можеше да го сопре најдобриот играч на Хјустон, па Харден постави клупски рекорд откако во првиот дел стигна до 36 поени. Ова беше 17-ти натпревар по ред на кој Харден дава барем 30 поени и сега е само на три меча до рекордот на легендарниот Вилт Чемберлен, кој во 1964 година успеал на 20 средби по ред да даде барем по 30 поени.

Харден веќе постави клупски рекорд откако сезонава веќе има 14 средби на кој дал над 40 поени. Тоа му успеало осум пати во последните 11 средби. Три пати сезонава даде над 50 поени, а тоа му успеало вкупно 12 пати во кариерата.

https://youtu.be/xGnqTttmRGI

Резултати: Бруклин – Бостон 109:102, Хјустон – Мемфис 112:94, Сан Антонио – Шарлот 93:108, Јута – Детроит 100:94, Сакраменто – Портланд 115:107, ЛА клиперс – Њу Орлеанс 117:121.

 

- Оглас -

Најнови вести