Харден е зависник од давање кошеви, за него нема пријателски меч (Видео)

И 35 минути поминати на паркетот му беа доволни на Џејмс Харден да постигне 44 поени на контролниот натпревар од НБА претсезоната против Мајами хит. Хјустон рокетс го доби мечот со 144-133, а Харден се однесуваше како да е дуел од регуларната сезона.

„Брадата“ уфли 44 поени (погоди осум тројки), а имаше и седум асистенции, пет скока и пет украдени топки. Ова е најдобра и најкомплетна игра на еден поединец во подготвителниот период. За разлика од него, Расел Вестбрук (имаше 16 поени) засега не се снаоѓа најдобро во Хјустон покрај Харден, но можеби и се чува за поважните мечеви.

„Харден беше неверојатен. Сака да игра кошарка, можев и да не го извадам од игра во последната четвртина. Тој би ги играл и сите 48 минути. Напредува од ден во ден, навистина не знам од какви клетки е направен. За мене тој секоја година е играч со најголем напредок“ – вели тренерот Мајк Дантони.

Погледнете дел од репертоарот на Харден:

- Оглас -

Најнови вести