Харден: Летово ослабев 45 килограми!

Ѕвездата на Филаделфија 76-ерс, бекот Џејмс Харден, беше расположен на медија денот, па даде урнебесен одговор на едно прашање за неговата килажа која е прекумерна во последните две сезони.

Еден новинар го праша Харден колку килограми ослабел летово, а Брадата одговори: Напишете дека сум ослабен 45 килограми!

Сите се насмеаја, па и Џоел Ембид, кој седеше до него. Харден не е познат како голем атлета, често има над 100 килограми, што не се баш малку за спортист од 196 сантиметри висина.

- Оглас -

Најнови вести