Рубен Аморим ќе го наследи Мурињо во Бенфика?

Рубен Аморим е главен фаворит за нов тренер на Бенфика, пренесуваат португалските медиуми. Младиот стратег е без ангажман од почетокот на годината, кога доби отказ од Манчестер jунајтед.

Се очекува Аморим да се врати во татковината по успешниот период во Спортинг Лисабон, каде што остави силен впечаток со резултатите и стилот на игра, што му донесе и трансфер на клупата на Манчестер јунајтед. Дополнителен мотив за можниот ангажман е фактот што Аморим во минатото го носеше дресот на Бенфика како фудбалер.

Во меѓувреме, Жозе Мурињо е пред заминување од Бенфика и преземање на Реал Мадрид. Според шпанските медиуми, искусниот тренер веќе го информирал раководството на португалскиот клуб за својата одлука.

Наводно, на средбата со претседателот на Бенфика, Руи Кошта, на Мурињо му бил понуден нов договор, но тој ја одбил понудата и останал цврст на ставот дека сака нов предизвик.

Освен Аморим, како можен кандидат за клупата на Бенфика се споменува и Марко Силва.

- Оглас -

Најнови вести