Харден, Оладипо и Инграм се плусеви, ќе победат Атланта и Орландо

8181 Џејмс Харден (Хјустон рокетс – Сакраменто кингс, 23 часот)

Харден е еден од ретките кои имаше фуриозен старт на сезоната и најави нов напад на титулата за најдобар стрелец во НБА, како што беше во претходните три сезони. Брадата во три меча бележи 37 поени просечно, па и вечерва не би требало да има проблеми да ја надмине границата од 32,5 поени која се бара.

Првата ѕвезда на Ракетите ноќеска точно на граница застана во тесната победа над Сакраменто, а сега ќе има нова шанса да го повтори учинокот против Кралевите.

Предлог тип. Харден >32,5 поени (1.85)

 

8478 Виктор Оладипо (Индијана пејсерс – Њујорк никс, 01 часот)

Oладипо дефинитивно ќе биде меѓу клучните играчи на Индијана и оваа сезона, затоа одличниот бек ќе форсира уште од самиот почеток. Таква шанса треба да се искористи за понудената граница на поени од 18,5, што воедно речиси е просек за ѕвездата на Пејсерс во неговата кариера.

Оладипо беше одличен со 24 поени и 10/18 шутеви од игра во единствениот пораз на Индијана по пет меча, претрпен од Бостон, а во својот втор меч сезонава беше краток за три поени, односно постигна 16 против Кливленд. Сепак, против слабиот Њујорк, Оладипо е „зицер“ во предлог тикетот.

Предлог тип: Оладипо >18,5 поени (1.90)

 

8450 Брендон Инграм (Њу Орлеанс пеликанс – Торонто репторс, 01:30ч)

Инграм иако млад, засега покажува дека го заслужи повеќегодишниот договор и 90 милиони евра плата во Њу Орлеанс. Заедно со Зајон ќе бидат лидери на младата екипа, со амбиции да бидат меѓу топ 8 екипите за влез во разигрувањата.

Пеликаните досега одиграа само еден меч на домашен терен, во кој Инграм блесна како најефикасен со 28 поени и 11 скока во победата над Сан Антонио. И сега му претстои еднакво тежок предизвик, но крилото на Њу Орлеанс треба да покаже дека може да се носи со шампионот од 2019 година.

Предлог тип: Инграм >22,5 поени (1.85)

 

8512 Орландо меџик – Оклахома сити тандер (01ч)

Орландо ги доби сите дуели во кои водеше на полувреме, а ноќеска го претрпе првиот пораз сезонава и тоа на домашен терен од Филаделфија. Магичните сепак се мотивирани и во втората средба сезонава против Оклахома да слават, како што беше во последниот ден од минатата година.

Тандерс добро ја отворија сезоната, но влегоа во криза и нанижаа три порази дома. Иако климата во Флорида им одговара, пред Грмотевиците е четвртото разочарување сезонава.

Предлог тип: 1-1 (1.75)

 

8793 Атланта хокс – Кливленд кавалирс (01:30ч)

Штета за Кливленд што се повреди Кевин Лав, па тимот од Охајо по три победи на стартот почна да губи во низа. Воопшто не се добри вести што Кавалирс ноќеска гостуваат кај моменталниот лидер на Истокот. Атланта по пет меча има учинок 4-1, меѓу победите е и домашната против Детроит.

Треј Јанг како еден од најрасните поентери во НБа ќе биде голем проблем за шампионот од 2017 година, исто и Колинс кој игра сè подобро. Атланта во минатото имаше проблеми да го брани домашниот терен во дуели против Кливленд, но сега е вистинска шанса вторпат во низа да триумфира против оваа екипа.

Предлог тип: хендикеп 1 -6,5 (1.95)

- Оглас -

Најнови вести