Харден рамо до рамо со Џордан и Брајант

Ѕвездата на Хјустон рокитс, Џејмс Харден, по триумфот над Мемфис гризлис (113:101) застана рамо до рамо со Мајкл Џордан и Коби Брајант.

Харден е само третиот играч по легендарните Џордан и Брајант кој во последниве 30 години успева да постигне вкупно 400 поени 10 10 одиграни натпревари. Ексѕвездата на Чикаго во својата кариера во два наврати постигнал 400 или повеќе поени по 10 меча, додека на поранешниот „езерција“ му успеало дури три пати.

„Брадата“ продолжува да ги полни кошевите на противниците, а ноќеска ги потопи Мемфис со трипл-дабл учинок од 43 поени, 13 асистенции и 10 скока. На последните 10 средби, Харден бележи неверојатен просек од 40.8 поени по натпревар.

Воедно, Харден веќе четврти меч во низа завршува со 40+ поени, односно осми натпревар во низа на кој постигнал најмалку 35 поени, по што стана единствениот кошаркар во историјата на НБА лигата кој успеал да забележи ваков учинок.

По оваа неверојатна низа, Харден несомнено е фаворит да ја освои наградата за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести