Хари Кејн израмни рекорд во Премиер лигата, но Халанд е во игра да го подобри (Фото)

Хари Кејн го израмни рекордот на Мохамед Салах од сезоната 2017/18 по број на натпревари на коишто постигнал погодок во една сезона во Премиер лигата.

Натпреварот против Астон вила на кој Кејн стрелаше од пенал е 24-ти меч за него оваа сезона на кој постигна погодок, исто како и Салах пред пет години. За Тотенхем до крајот на првенството остануваат уште два натпревари, против Брентфорд и Лидс, и доколку повторно успее да се запише во листата на стрелците, тогаш ќе го собори рекордот.

Хари Кејн оваа сезона има постигнато 27 голови во Премиер лигата, девет помалку од Ерлинг Халанд, кој е лидер на листата со 36 погодоци и сосема извесно ќе ја освои Златната копачка на Европа.

Кога веќе сме кај Халанд, тој неговите 36 погодоци ги постигна на 23 натпревари оваа сезона во Премиер лигата, а Манчестер сити до крајот на првенството треба да игра против Челзи, Брајтон и Брентфорд и теоретски може да се израмни, дури и да го помине Кејн и во оваа категорија.

- Оглас -

Најнови вести