Харизматичниот Клоп објасни зошто никогаш не носи костуми

Тренерот на Ливерпул, германскиот стручњак Јирген Клоп, натпреварите ги води облечен во тренерки и објасни зошто никогаш не облекува костум. Харизматичниот Клоп на емотивен начин ги води мечевите, облечен во клупска опрема, и кажа кои се причините.

„Имам костуми за свадби, погреби и ситуации кога некој ќе ми каже дека мора да облечам костум. Не се чувствувам удобно во костум. Поради краватата, не можам да дишам нормално. Затоа не сакам да размислувам што ќе носам на натпреварите. Сакам да скокам покрај аут-линијата, за тоа сум создаден. Не дека не носам костуми, носам повремено, но не на натпревари. Не сакам да изгледам добро покрај аут-линијата, мојот тим треба да изгледа добро, тоа е главната цел“, изјави Клоп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести