Хеликоптери, мотори и 2.300 полицајци ќе го обезбедуваат Ривер на патот кон стадионот на Бока

Фудбалерите на Ривер плејт ноќта помеѓу вторник и среда ќе гостуваат кај Бока јуниорс со надеж дека ќе ја задржат предностa од 2-0 од првиот меч и ќе се пласираат во финалето на Копа Либертадорес, но прво ќе треба живи и здрави да стигнат до теренот на којшто ќе имаат дуел со своите најлути ривали.

Од местото на поаѓање, стадионот „Монументал“, до местото на пристигнување, стадионот „Ла Бомбониера“, има 16 километри, а патешествието ќе биде организирано со невидени мерки на претпазливост.

Автобусот со којшто играчите на Ривер ќе се упатат кон стадионот на Бока ќе биде блиндиран и придружуван од 50 полициски мотори, автобуси и два хеликоптери, додека на улиците ќе има повеќе од 2.300 полицајци. Во Аргентина не сакаат да се повтори ланскиот срам, кога автобусот на Бока беше каменуван и некои играчи беа повредени, па мечот од финалето наместо во Буенос Аирес, се играше десетина илјади километри подалеку, во Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести