Хендерсон е подготвен да изгуби 100 милиони евра само да се врати во Премиер лигата

Фудбалерот на Ал-Етифак, Џордан Хендерсон, сака да се врати во Премиер лигата и да го раскине договорот со клубот од Саудиска Арабија. За ваквата одлука на англичанецот има повеќе фактори, а дел од нив се лошата форма во која се наоѓа клубот кој нема победа на последните осум натпревари, можниот отказ за Стивен Џерард, но и заминувањето на помошникот тренер Јан Фостер, кој го презеде кормилото на Плимут.

Ваквиот потег на Хендерсон може да го чини 100 милиони евра. Платите на фудбалерите во Саудиска Арабија не се оданочуваат, но само ако останат до крајот на договорениот период. Доколку заминат порано, ќе мора да платат данок на целата сума која ја заработиле. Дополнително сумата ќе се зголеми поради платите кои нема да ги добие според договорот.

Сепак, Хендерсон не успеа да се снајде во Саудиска Арабија и да се прилагоди на новата средина. Тој минатото лето направи трансфер од Ливерпул во Ал-Етифак и беше на удар на англиската јавност.

- Оглас -

Најнови вести