Херои – Кјаер и судијата Тејлор реагираа молскавично и му го спасија животот на Ериксен

Симон Кјаер и судијата Ентони Тејлор се хероите на „Паркен“ во Копенхаген и со молскавични реакции му помогнаа на Кристијан Ериксен да преживее.

https://twitter.com/fgfootball_/status/1403772455483850759?s=20

Соиграчот на Кристијан од данската репрезентација веднаш му го извади јазикот и почна да му дава вештачко дишење, откако претходно судијата Тејлор за само 5 секунди реагираше и даде знак на медицинската екипа брзо да реагира.

https://twitter.com/fgfootball_/status/1403774933851910149?s=20

Ериксен падна како покосен во финишот на првото полувреме на мечот меѓу Данска и Финска, откако претрпе срцев удар на сред терен. Сцената беше страотна, но за среќа по долга интервенција на медицинските лица, но и благодарение на молскавичната реакција на Тејлор и на Кјаер, Ериксен се освести и објавено е дека е во стабилна состојба.

Мечот што почна во 18 часот и беше прекинат во 43. минута веќе продолжи и по првото полувреме е без голови во Копенхаген.

- Оглас -

Најнови вести