Голораките Херои на Виена – ММА борци спасија животи во терористичкиот напад (Видео)

Турските Ултимејт фајт борци Микаил Озен и Реџеп Таип Гилтекин се вистинските херои на Виена откако храбро и без страв за својот живот спасија повозрасна госпоѓа и полицаец кои беа ранети за време на терористичкиот напад на главниот град на Австрија.

Гилтекин беше дури и ранет со куршум во ногата, а имаше и блиска средба очи в очи со еден од терористите.

„Го впери пиштолот во мене, а јас само се фрлив на земја и се обидов да се засолнам. Со еден куршум ме погоди во ногата, но раната не е страшна. Влеговме некако во автомобил што го возеше наш пријател за да пристигнеме до најблиската полициска станица“, раскажува Гилтекин.

По пат двајцата храбри ММА борци му помогнале и на ранет полицаец и го однеле до амбулантното возило на патот кон болница, а претходно во акцијата што ја изведоа без страв за своите животи и помогнале на повозрасна госпоѓа, која била ранета во нападот.

- Оглас -

Најнови вести