Хероите утревечер слетуваат во Скопје, првиот собир е пред „Јане Сандански“!

Скопје и Македонија може да започнат со подготовка на ново големо славење за европските прваци. Фештата од 2017 година мора да се повтори, дури да биде и подобра. Вардар вторпат во историјата е европски ракометен првак.

Според најавите на социјалните мрежи, првиот собир треба да биде утревечер, а засега уште не се знае кога ќе биде главната прослава. Најавено е дека Вардарци на аеродромот во Скопје треба да слетаат во 23:55 часот, а собирот на навивачите треба да започне уште во 22 часот пред салата „Јане Сандански“.

 

 

- Оглас -

Најнови вести