Херојска партија на новакот Хиро, Мајами на чекор до големото финале (видео)

Мајами хит го доби четвртиот дуел против Бостон со минимални 112:109 и е на прагот да се пласира во големото финале на НБА-лигата по шест години пауза. На Жешките им треба уште една победа за да стават во позиција да се борат за четврта титула во историјата на франшизата.

Младиот Тајлер Хиро одигра животна партија со високи 37 поени и со 20 години и 247 дена стана вториот најмлад кошаркар кој реализирал барем 35 поени во плејоф-натпревар, зад Дерик Роуз, односно пред легендарниот Меџик Џонсон. Новакот на Мајами исто така се запиша како најмлад кошаркар кој остварил учинок од најмалку 30 поени во натпревар од конференциско финале.

Како и во претходите четири средби така и оваа беше неизвесна, во која одлучуваа нијанси. Мајами речиси цело време ја имаше иницијативата, но до прва посериозна предност дојде дури во третиот период со +12 поени разлика, која Бостон брзо ја анулираше.

Во моменти кога се кршеше резултатот, одговорноста ја презедоа искусните Драгиќ и Батлер, за кои тимот на Бред Стивенс немаше решение, ниту пак за заканата од втор план од Хиро. При резултат 98:107, Селтикси направија 9-0 серија, по што Батлер двапати заврши на линијата за слободни фрлања и го реши мечот.

Покрај најефикaсниот Хиро со 37 поени, за Мајами се истакнаа Батлер со 24 и Драгиќ со 22 поени, како и Адебајо со дабл-дабл од 20 поени и 12 скока, додека на другата страна најсрасположен за игра беше Тејтум со 28 поени.

- Оглас -

Најнови вести