Српскиот стратег Вељко Пауновиќ кој е роден во Струмица, веќе неколку дена е во фокусот на фудбалската јавност во Мексико. Тој беше на чело на тимот на Тигрес, но на 2 март доби отказ поради слабите резултати.
На денот кога требаше да си замине од Мексико, Пауновиќ направи херојско дело. Додека со членовите на својот стручен штаб патувал кон аеродромот, забележале како човек лежи на земја.
Комбето веднаш застанало, а сите излегле да му помогнат на немоќниот човек. Пауновиќ бил тој кој му дал прва помош на повредениот, а потоа била повикана и лекарска помош.
#LaHoradeWillie / “Paunović le salvó la vida a una persona”
🎙️: @WillieGzz pic.twitter.com/fe41I0v3TI
— RG La Deportiva (@rg690) March 6, 2025
Како што се вели, повредениот човек бил згрижен и по неколку часа во болница било констатирано дека е во ред.
Пауновиќ во Тигрес работеше една година, а претходно го водеше и тимот на Гвадалахара. Беше тренер и во Ридинг во Англија, како и предводник на Чикаго фајрс. Има работено и како селектор на репрезентациите на Србија до 18, 19 и 20 години.