Херта Берлин го разреши тренерот кој на клупата седна во ноември!

Бундеслигашот Херта објави дека го раскинале договорот со тренерот Тајфун Коркут. Турчинот кој има 47 години, ја водеше Херта на само 13 меча, освои скромни 9 бода, а чашата ја прелеа вчерашниот пораз од Борусија Менхенгладбах.

Херта е претпоследна на табелата, има серија од пет порази по ред, и тоа беа причини раководството на клубот да нема трпение кон човекот кој после 14-тото коло го презеде тимот.

- Оглас -

Најнови вести