Херта потврди, одложени дуелите против Maјнц, Фрајбург и Шалке

Херта Берлин потврди дека дуелите од следните три кола во Бундеслигата против Мајнц, Фрајбург и Шалке 04 се одложени поради што целиот тим на Херта е во самоизолација.

Корона-вирусот направи хаос во екипата од германската престолнина, откако по тренерот Дардаи и неговиот помошник, заразени се уште Лукебакио и Платенхарт.

За да не се предизвикаат дополнителни проблеми, целиот тим заедно со стручниот штаб наредните две недели ќе ги помине во карантин, додека во меѓувреме ќе се одредат нови термини за одложените натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести