Херта треба да се вади пред своите навивачи

1811 Херта – Вехен (19.00 часот)

Херта во првото коло загуби од Фортуна во Дизелдорф, а тимот од Берлин ако сака експресно враќање во Бундеслигата, сезонава дома мора да победува против екипи како Вехен, кој сега влезе во втора лига. Вехен стартуваше со реми 1-1 против Магдебург. Херта е фаворит, игра дома пред своите фанови, ќе биде мотивирана, а тоа се предуслови за постигнување гол уште во првото полувреме. Овие клубови никогаш порано не се сретнале, па вечер го имаат првиот меѓусебен дуел.

Предлог тип: 1 & 1+ пол. (2.10)

 

2801 Силкеборг – Вејле (19.00 часот)

Ова е дуел помеѓу единствените два тима во лигата кои сезоната во данското првенство ја почнаа со порази и немаат бод. И Силкеборг и Вејле во првите две кола примија по четири гола. Квотите за конечен тип го фаворизираат домашниот тим, веројатно и затоа што Вејле е повратник во Суперлигата. Во сезоната 2021/2022, кога последен пат играа меѓу себе, Силкеборг двапати го победуваше Вејле, и тоа со убедливи победи од 4-2 и 3-0.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.93)

 

1651 Феенорд – ПСВ (20.00 часот)

Со овој меч од Суперкупот стартува новата сезона во елитниот холандски фудбал. Средбата се игра во Ротердам, на теренот на шампионот. Пред пет дена двата тима во пријателски мечеви победија силни екипи, Феенорд против Бенфика, ПСВ против Нотингам форест, па спремни се за битката. Во февруари, кога последен пат се сретнаа овие тимови на „Де Кајп“, мечот заврши 2-2 иако гостите до десет минути до крајот водеа 2-0, а 2-2 беше и во сезоната пред тоа.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.97)

 

1655 Ст. Лиеж – Ројал унион СЖ (20.45 часот)

Стандард со пораз тргна во новата сезона во Белгија, а за нив лоша вест е што во второто коло имаат тежок противник. Ројал Унион Сен Жилоа славеше над Андерлехт во првото коло, а и во подготвителниот период беше во добар резултатски ритам. Тие се тим кој ретко прима голови летово, но на последниот дуел против Стандард дури четири пати ја вадеа топката од мрежа. Последните четири пресметки секогаш им завршуваа барем со четири гола.

Предлог тип: 2 (2.10)

 

1011 Шефилд в. – Саутхемптон (21.00 часот)

Со овој меч во Шефилд почнува новата сезона во англискиот Чемпионшип. Шефилд вензди во минатата сезона беше во Лига 1, а Саутхемптон премиерлигаш, па затоа и квотата за двојка е помала од таа за кец. Последниот меѓусебен дуел им беше лани во ноември во ЕФЛ купот и мечот заврши 1-1, па решаваа пенали. Во подготвителниот период не блескаа ни едните ни другите, можеби ремито е најреален исход.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.14)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести