Херцог може да здивне – Капитенот Натко ќе игра за Партизан и за Израел против Македонија

Капитенот на израелската репрезентација Бибрас Натко конечно најде клуб за новата сезона, а ќе игра за српскиот гигант Партизан, што е одлично и за него, но и за националната селекција пред мечот со Македонија.

Натко е еден од најдобрите фудбалери во историјата на израелскиот фудбал, а посебно блескаше како интернационалец во Русија. Играше за Рубин Казањ и за ЦСКА Москва по 4 сезони, а настапуваше и за грчките гиганти ПАОК и Олимпјакос.

Натко веќе ги мина медицинските прегледи и денеска се очекува да потпише тригодишен договор со Партизан, па ќе може да конкурира и за место во тимот за двомечот со Молде во последната квалификациска фаза пред настапот во Лигата на Европа.

Македонија ќе игра со Израел на петти септември во Бер Шева, во квалификациите за пласман на ЕП 2020 година, а Натко се најде на поширокиот список на селекторот Андреас Херцог, без разлика што во тој момент немаше клуб.

- Оглас -

Најнови вести