Хет-трик херој: Фелаини во Кина игра класична „деветка“, сите три гола ги даде со глава (видео)

Шандонг Луненг со победа од 3-2 на гостувањето кај Далијан тргна во новата сезона во кинеската Суперлига, а херојот на гостите е Марун Фелаини.

Искусниот белгиски фудбалер иако во поголемиот дел од кариерата играше како играч за врска, во Кина покажа дека одлично се снаоѓа и во улога на најистурен напаѓач.

При негатива од еден гол, Фелаини израмни на 1-1 во 79-тата минута затресувајќи ја мрежата со глава, а потоа на ист начин постигна уште два гола до 86-тата минута и ги освои трите бода за гостите.

- Оглас -

Најнови вести