Хет-трик на Абрахам, и скапиот Кепа конечно се разбрани, Челзи победи во ФА купот (Видео)

Тами Абрахам постигна хет-трик за Челзи, против Лутон, екипа што го елиминира членот на Чемпионшип лигата со победа од 3:1 во ФА купот.

И голманот Кепа Аризабалага конечно доби шанса да брани за Челзи и со прекрасен рефлекс и одбрана му помогна на својот тим да го елиминира аутсајдерот.

Шпанецот кој беше платен дури 80 милиони евра при трансферот од Атлетик Билбао во Челзи е големо разочарување, но денеска беше сигурен.

Особено добра му беше одбраната во 61. минута кога го спречи второлигашот Лутон да израмни на 2:2.

Important save from Kepa. from soccer

Кепа е резерва на дуелите во Премиерлигата и оддамна го загуби статусот прв чувар на мрежата на Челзи, откако имаше најлоша статистика на одбранети удари и примени голови во англиското првенство.

Сличен е и статусот на главниот јунак на Челзи денеска. Тами Абрахам се почесто е резерва, а денеска со голови во 11, 17 и во 74. минута му донесе победа на својот тим. Почесниот погодок за Лутон го постигна Кларк во 30. минута.

Во осминафиналето на ФА купот Челзи ќе му биде гостин на Барнсли, уште еден тим што е член на Чемпионшип, исто како и Лутон.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести