Хетафе стигна до 28 и пол часа без да даде гол против Атлетико Мадрид, но не загуби

Атлетико Мадрид одигра без голови во дуелот со градскиот ривал Хетафе, резултат со кој не може многу да биде задоволен лидерот во шпанското првенство. Јорганџиите сега имаат 63 бода, само шест повеќе од вториот Реал Мадрид, додека Барселона е трета со 56 бодови, но и меч помалку.

Тимот на тренерот Диего Симеоне имаше целосна офанзива, постојано напаѓаше, но не успеа да го скрши отпорот на домаќините, па на крајот Хетафе освои вреден бод во трката за опстанок.

Со овој резултат, Атлетико Мадрид постави еден рекорд во Примера дивисион, а тоа е дека на последните 17 мечеви против хетафе во првенството нема примено ниту еден гол. Атлетико има 15 победи и само две реми без погодоци, а Хетафе нема постигнато ниту еден гол во овој период.

Ако се додадат и двата меча од Купот на Шпанија, тогаш се доаѓа до бројата од 19 средби на кои Симеоне бил предводник на Атлетико во дуелите со Хетафе и никогаш неговата екипа нема примено гол. Тоа се вкупно 1.710 минути, односно 28 и пол часа во кои Хетафе нема дадено гол против Атлетико Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести