Хинтерегер брзо се отрезни и ќе потпише договор со Ајнтрахт Франкфурт

Ајнтрахт Франкфурт го испрати Мартин Хинтерегер на медицински прегледи, а веќе се договори со раководството на Аугсбург да го откупи неговиот договор.

Популарните Орли не се загрижени за ноќните излети и пијанства на австрискиот репрезентативец откако се појави видеоматеријал како 26-годишниот стопер се клати во пијана состојба и не може да се движи на фестивал во Австрија летово.

Хинтерегер сепак одлично игра фудбал, беше еден од најдобрите фудбалери на Ајнтрахт во минатата сезона и раководството на бундеслигашот од Франкфурт одлучи да ја заврши позајмицата од Аугсбург и да го откупи неговиот договор.

Стоперот на Австрија има 39 натпревари во дресот со национални обележја, а на дуелот со Македонија на 10 јуни годинава си постигна автогол, односно беше стрелец на единствениот гол за нашата селекција.

- Оглас -

Најнови вести