Хит: На прославата на Интер фудбалерот јадеше пица, па мајка му го третираше како мало дете (Фото)

Екипата на Интер после убедливата победа над Удинезе го славеше Скудетото, а фоторепортерите фатија еден интересен момент. Дефанзивецот Алесандро Бастони кој има 22 години, јадеше едно парче пица, по што неговата мајка со салфетка му ја бришеше устата како да станува збор за мало дете кое не знае само да се избрише.

Познато е дека особено во Италија многу мажи се мамини синови и приврзани за нив без разлика на возраста, а и оваа случка е доказ дека тоа е вистина. Бастони секогаш ќе биде малото синче за мајка му, и затоа кон него се однесува како да е бебе, иако е маж од 190 сантиметри.

- Оглас -

Најнови вести