Хит – Никола Јокиќ „одлепи“ на песна од Драгана Мирковиќ (Видео)

Кошаркарите кои играат во НБА-лигата имаат обврска да паузираат со кошаркарски активности до 2 август, па ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, реши максимално да ужива во одморот.

По напорната сезона, Јокиќ не ни размислуваше да оди на некои егзотични дестинации, туку се врати во родниот Сомбор на северот од Србија. Дома си е дома, смета Јокиќ, а при престојот во еден локал, тој тотално „одлепи“ и падна во транс кога слушна една песна од популарната српска пејачка Драгана Мирковиќ. Гол од појасот нагоре, Јокиќ почна да пее, а за малку ќе настрадаше едно дрво кое кошаркарот го нишаше.

Погледнете како Јокиќ ги минува своите слободни денови пред да му се приклучи на националниот тим во подготовките за Светското првенство:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести