Хит се во пост-корона ерата – Само еден тим во Бундеслигата двапати победи дома

Бруно Лабадија донесе голем пресврт во Херта и со неговото именување за шеф на стручниот штаб во април, клубот од Берлин доби вистински џек-пот.

И денеска на домашен терен Херта успеа да победи, со 2:0 го надигра Аугсбург и е единствениот состав во пост-корона ерата со два триумфи на домашен терен.

Ако Баерн ја победи Фортуна на меч што ќе почне од 18.30 часот ќе и се приклучи на Херта. Тоа се две од четирите екипи со Лајпциг и токму Фортуна што немаат пораз во Бундеслигата, откако има кам-бек од 16. мај, по долгата пауза од два месеци без фудбал во Германија.

„Одличен потег е што го донесоа Лабадија. Бруно има квалитет и огромно реноме и донесе вистински пресврт. Неговиот успех е уште поголем, ако се знае дека пристигна на 20. април и немаше многу време за работа со играчите. Продолжуваме понатаму и сега целта е да се избори настап во Европа“, велат од Херта.

Тимот од Берлин почна со гостинска победа од 3:0 против Хофенхајм, а потоа беше забележана најслатката победа сезонава, против градскиот ривал Унион Берлин на „Олимпискиот стадион“ со убедливи 4.0. Единствен тим што во четирите кола по корона паузата остана непоразен во деулот со Херта е Лајпциг, кој одигра 2:2 против гостите од Берлин, а серијата на „сино-белите“ продолжи и денеска со триумф од 2:0 против Аугсбург повторно на „Олимпискиот стадион“ во Берлин.

Следниот предизвик за Лабадија и за неговите избраници е голем, а следува гостување на „Вестфален“ кај Борусија Дортмунд на 6. јуни.

- Оглас -

Најнови вести