Хит: Тевес објави дека отворил „Инстаграм“, Евра му приреди оригинално добредојде (Видео)

Аргентинската фудбалска легенда Карлос Тевес се пофали дека отворил профил на „Инстаграм“ во саботата, а оваа вест најголема радост донесе кај неговиот поранешен соиграч Патрис Евра. Французинот ја искористи шансата да му честита на Карлитос со песна на шпански јазик и танц.

Тевес и Евра играа заедно во Манчестер јунајтед и Јувентус.

„Знаете зошто сум најсреќниот човек денеска? Затоа што мојот брат Карлос Тевес отвори профил на ’Инстаграм’. Ако не го следите мојот брат, ќе ве убијам“, напиша Евра.

Видете и слушнете како Евра го прослави појавувањето на другар му на популарната социјална мрежа:

- Оглас -

Најнови вести