Хјустон постави нов рекорд во НБА по бројот на дадени тројки (Видео)

Џејмс Харден постигна 35 поени и беше лидер во победата на Хјустон против Вашингтон од 136:118. Овој меч влегува во историјата на НБА-лигата бидејќи Хјустон успеа да погоди рекордни 26 удари за тројка. Гери Кларк погоди тројка на 2:42 минути до крајот, што беше израмнување на рекордот, а навивачите скандираа „тројка, тројка, тројка“ во секој напад на домаќините.

Во следните четири обиди играчите на Хјустон не погодуваа, но Мајкл Картер-Вилијамс погоди на 31,1 секунда до крајот и беше поставен нов рекорд во историјата на НБА. Претходниот рекорд го држеше Кливленд, поставен на трети март 2017 година, кога играчите на Кавелирс погодија 25 тројки на мечот против Атланта.

Харден даде шест тројки, Крис Пол погоди пет, а Џералд Грин и Ерик Гордон по четири пати беа прецизни за три поени. Хјустон вкупно шутна 55 пати за тројка. Погледнете ги сите 36 прецизни удари за тројка и поставувањето на новиот рекорд:

Резултати: Шарлот – Кливленд 110:99, Орландо – Сан Антонио 90:129, Филаделфија – Њујорк 131:109, Бостон – Феникс 103:111, Торонто – Индијана 99:96, Чикаго – Бруклин 93:96, Хјустон – Вашингтон 136:118, Милвоки – Њу Орлеанс 123:115, Минесота – Детроит 123:129 (по продолжение), Јута – Голден стејт 108:103, Портланд – Мемфис 99:92, Сакраменто – Оклахома 113:132.

- Оглас -

Најнови вести