Хјустон рокетс оди кон десеттата победа едноподруго

Мајами хит – Детроит пистонс (00.30 часот)

Тимот од Флорида е осми на Истокот, додека Пистонс е седми со три победи повеќе. Кај домашните ќе го нема Џонсон, а Ричардсон е неизвесен. Двата тима ги загубија своите последни мечеви откако пред тоа врзаа по четири-пет победи. Квотите го фаворизираат Мајами, но пред неполн месец, Детроит во истата сала славеше со 23 поени разлика. Најдобриот стрелец на „клиповите“ би требало да даде барем 24 поени.

Предлог тип: Блејк Грифин > 23.50 (1.87)

 

Хјустон рокетс – Голден Стејт вориорс (02.30 часот)

Тексашаните со победа ќе го задржат третото место на Западот, а Вориорс и со пораз останува лидер на својата конференција. Ова е дерби во кое двата тима сакаат да победат и да покажат мускули за внесување страв кај ривалот пред можното соочување во некоја фаза од плејофот. Хендикеп за Вориорс е неиграњето на Дурант. Рокетс има девет победи по ред, додека „воините“ имаат само две победи во последните шест меча.

Предлог тип: 1 (1.67)

 

Вашингтон визардс – Орландо меџик (00.00 часот)

Ова е пресметка на два тима кои во моментов се надвор од плејофот, но имаат шанса да влезат во разигрувањето. Орландо ако победи, а да загуби Мајами, тогаш „магичните“ би биле осми. За Визардс ова е една од последните шанси да фатат приклучок кон трката за осмото место на Истокот. Вашингтон ги доби последните два меѓусебни дуели.

Предлог тип: 2 (2.25)

 

Торонто мејпл лифс – Чикаго блекхокс (00.00 часот)

Чикаго има три победи по ред, од кои последната со 7-1, и со оптимизам влегува во ова тешко соочување против канадскиот тим. Есеноска во Чикаго беше 6-6, а Торонто победи со златен гол. Овие тимови меѓусебе редовно играат нерешено по регуларниот дел и во последните пет меча секогаш се играше екстра период, па на похрабрите им предлагаме да се обидат на „икс“.

Предлог тип: Х (4.50)

 

Ванкувер канакс – Њујорк ренџерс (03.00 часот)

Ванкувер има проблеми со повредите на неговите играчи, а од последните 10 меча доби само два, од кои едниот во продолжение. И „ренџерите“ се во слаба форма, исто така славеа двапати од последните десет обиди.

Предлог тип: <4.50 (2.70)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести