Хобито го претвора во хуманитарен акт – Костоски типува за Sport Life

Во најновото издание на „Добротворен тикет“ во организација на Sport Life обложувалници и Спорт Манија, наш гостин е кошаркарот на КК Гостивар, Александар Костоски. Поранешниот македонски репрезентативец одлучи да ја покаже хуманата страна со тоа што состави тикет чија евентуална добивка ќе заврши во добротворни цели.

Обложувањето му е старо хоби, кое го негува со години наназад. Костоски е редовен обложувач, но тој, како и сите други, мораше да паузира со оглед на тоа дека спортот беше во застој поради пандемијата со корона-вирусот. Сега, откако првенствата повторно се во тек, полека и Аце ја фаќа формата.

Пред да стане кошаркар, Костоски прво се заљубил фудбалската топка и како мал тренирал фудбал. Токму затоа без пропуст ги следи најатрактивките фудбалски шампионати низ Европа.

„Порано почесто правев тикети бидејќи многу следам фудбал и сум во тек со актуелните случувања. Сега не се обложувам како порано, но ги следам натпреварите. Можам да кажам дека сум заљубен во фудбалот, како помал прво тоа тренирав, па дури подоцна се префрлив на кошарка. Своевремено и добивките беа сочни, но секако им се радувам и на малите добивки бидејќи и тоа е потврда за успешно типување. Строго се обложувам на фудбал, иако ја следам и меѓународната кошарка. Навикнат сум на фудбалот, ми остана од порано традицијата за обложување само на фудбалски мечеви, кога само тие беа достапни на времето кога се популаризира обложувањето кај нас“, вели Костоски.

Тикетот кој го состави Костоски главно е со натпревари од топ-5 лигите во Европа, поточно фаворитите од кои се очекува да триумфираат во претстојниот викенд. Стандардно со „кец“ и „двојка“, Костоски ја стави на тест својата доверба на англиските гиганти Челзи, Манчестер сити, Арсенал, како и шампионот Ливерпул.

Од шпанската Ла Лига издвои евентуална победа на Реал Мадрид против Леванте на Енис Барди, додека пак Костоски смета дека Шалке и со нов тренер ќе продолжи да трпи порази во Бундеслигата. За крај на тикетот, кој има потенцијална добивка од 30.300 денари, Костоски типуваше победи на Аталанта, Рома и Милан.

Во меѓувреме, поранешниот македонски репрезентативец минува низ подготвителниот процес со екипата на Гостивар во пресрет на стартот на сезоната во кошаркарското првенство, кое треба да почне на 10 октомври. Гостиварци во првото коло гостуваат кај ФМП, а Костоски вели дека тимот влегува со исти амбиции како и минатата сезона, која се прекина, да бидат дел од топ-4 екипите во првенството.

Во својата трета сезона како член на КК Гостивар, Костоски, пред сè, мора да се навикне дека ќе игра пред празни трибини во салата „Младост“, која во изминативе неколку години редовно беше исполнета до последно место и добиваше огромна поддршка од навивачите.

„Можам да кажам дека е тешко и чудно што по толку долга пауза се подготвуваме за натпреварување. Апсолутно не е лесно да го вратиме нивото на коешто бевме, но правиме сè што можеме во добро светло да ја почнеме сезоната. Одложувањето на стартот на првенството добро ни дојде бидејќи успеавме да санираме неколку повреди, па ќе бидеме комплетни. Претходниве сезони се навикнав да играм пред полни трибини, а сега без нашиот шести играч ќе биде уште потешко да ги оствариме целите. Токму на таа тема разговарав со соиграчите, дека мечевите ќе ни бидат како пријателски средби без навивачи, но тоа е што е, мора да се помириме дека извесно време ќе биде таква состојбата“, заврши Костоски.

Доколку тикетот, односно типувањето на Костоски се покаже како полн погодок, со помош на Sport Life ќе одлучи во кои цели ќе заврши сумата.

- Оглас -

Најнови вести