Хоџа не бранеше за Албанија на ЕП 2016, еве и зошто (Видео)

Албан Хоџа прими смешен гол вечерва на голот на Партизани во Молдавија против Сфанту Георге, а неговата лоша реакција доведе до втор погодок за домашната екипа, која поведе во тој момент со 2:1 во реваншот од квалификациите за Конференциската лига на Европа.

Хоџа несмасно реагираше и ја испушти топката од раце, па подарокот рутински во голот на Партизани го смести Солодовницов. Албанскиот тим потоа израмни на 2:2, што е резултат по првото полувреме и сè уште има голема предност по победата на свој терен од 5:2.

Поранешниот играч на Пелистер и на Шкендија, Стенио Жуниор, со гол за 2:2 ја коригира катастрофалната грешка на Хоџа во 22-рата минута.

Вториот гол за Молдавците по големата грешка на Албан Хоџа можете да го погледнете ОВДЕ.

Голманот на Партизани беше во составот на Албанија на претходното Европско првенство што се играше во 2016 година, но не бранеше на ниту еден од трите меча, против Франција, Швајцарија и Романија, а вечерва се покажа и зошто не доби шанса од тогашниот селектор Џани де Бјази.

 

- Оглас -

Најнови вести