Хојлунд сам го победи Лутон и го остави Јунајтед во трката за ЛШ (Видео)

Фудбалерите на Манчестер јунајтед ја забележаа и четвртата победа во серија во Премиер лигата и сега се многу блиску до четвртата позиција натабелата. Последната жртва на „црвените ѓаволи“ е екипита на Лутон, која беше совладана со 1-2 на гостински терен со двата погодоци на Расмус Хојлунд.

На данецот му беа потребни само 30-тина секунди за да донесе водство на Манчестер јунајтед, а веќе во седмата минута од мечот зголеми и на 0-2. На 1-2 намали Морис и кога сите мислеа дека мечот ќе продолжи во ист ритам, се покажа дека тоа е и конечниот резултат на овој натпревар.

Манчестер јунајтед останува на шесттата позиција со 44 бодови, три помалку од петтиот Тотенхем и минус пет од Астон вила, која е на четвртата позиција.

- Оглас -

Најнови вести