Хокеарски меч, а главна ѕвезда Конор Мекгрегор (Видео)

Бостон бруинс славеше со 2-1 против Колумбус блу џекетс, и тоа со златен гол, откако во регуларниот дел средбата заврши 1-1. Но, овој меч од хокеарската НХЛ лига беше интересен по една друга работа. Пред почетокот, ММА борецот Конор Мегрегор, држеше говор во салата во Бостон, имаше почесно фрлање на пакот, и ја посети соблекувалната на домашниот тим.

Тоа беше инспирација за Бред Маршан, кој кога го даде голот за победа по три и пол минути игра во екстра периодот, прослави како што Мекгрегор ги прославуваше победите во рингот.

„Сакав малку да се забавувам и затоа така го прославив голот. Не доаѓа кај нас во соблекувална секој ден таква спортска икона. Конор е неверојатен човек, многу енергичен. Беше среќен што првпат гледа хокеј и тоа ни го кажа на сите. Чест ми беше што го сретнав“ – изјави Маршан.

Од синоќешната програма, за истакнување е и победата на Тампа Беј над Вашингтон од 6-3. Ова беше дуел на двете екипи кои во минатата сезона играа во големото финале на Стенли купот. Лајтнинг има прилика (им требаат пет победи на последните 10 меча) да станат само третиот тим во историјата на НХЛ со 60 победи во регуларна сезона.

- Оглас -

Најнови вести