Холандија и Англија ќе даваат голови, на Ролан Гарос нема да биде експресно

Денешните предлози ни се мешани, има фудбалски и тениски мечеви. Според квотите на денот на обложувалниците Sport Life, младата селекција на Македонија нема да загуби од Финска, Холандија и Англија ќе даваат голови во двете полувремиња од полуфиналето во Лигата на нациите, а Ѓоковиќ ќе се најде во полуфиналето на Ролан Гарос, но не без да добие отпор од противникот.

 

Македонија У21 – Финска У21 (13.00 часот)

Селекциите на Македонија и Финска за играчи до 21 година денеска во Трнава, Словачка, ќе одиграат контролен натпревар. Нашиот селектор имаше проблеми околу составот, нема да играат повредените Атанасов, Гроздановски и Ибиши, како и Чурлинов, кој е со тимот А. Затоа Финците се фаворити, но веруваме дека „црвено-жолтите“ може да постигнат гол(ови) и да останат непоразени.

Предлог тип: 1Х & ГГ (3.25)

 

Холандија – Англија (20.45 часот)

„Лалињата“ ги изненадија Франција и Германија и дојдоа до полуфиналето на Лигата на нациите. Англија има серија од пет победи по ред и на овие пет меча Гордиот Албион даде вкупно 18 гола. Во март минатата година, во Амстердам, минимално славеа гостите. Овојпат се игра на неутрален терен и сите резултати се можни, што се докажа и низ игрите на Ајакс во Лигата на шампионите, а дел од репрезентативците се членови на Ајакс.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.90)

 

Ѓоковиќ – Зверев (14.30 часот)

Дождот денеска не би требало да им направи проблеми на тенисерите на Ролан Гарос, па на земјените трени во Париз, првиот носител конечно ќе може да го одигра своето четврт-финале против Германецот Зверев. Ѓоковиќ е мотивиран да го освои турнирот, и ова му е прилика да му врати на Зверев за поразот во Лондон во ноември. Досега нивните дуели завршувале без освоен сет од страна на поразениот, но овојпат типуваме дека ќе има барем 34 гејма.

Предлог тип: 1 & >33.5 г. (2.30)

 

Тим – Хачанов (14.30 часот)

Русинот традиционално е незгоден противник за Австриецот. Хачанов има три победи по ред во дуелите со Тим. Тим на три од четирите досегашни мечеви губеше по еден сет, а Хачанов е полн со самодоверба по триумфот над Дел Потро. Тука би требало да има голема борба и голем број гејмови.

Предлог тип: > 38.5 г. (1.90)

 

Иран – Сирија (17.15 часот)

Од серијата пријателски фудбалски мечеви, во денешната понуда го издвојуваме овој бидејќи станува збор за пресметка на сениорски репрезентации. За Иран, кој е голем фаворит на хартија, ова е прв меч по поразот во полуфиналето на Азиското првенство од Јапонија на 28 јануари. Иран 46 години не знае за пораз од Сирија, но последните два меѓусебни дуели завршија нерешено.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.60)

- Оглас -

Најнови вести