Холандската машинерија урна рекорд за најмногу погодоци во една година

 

Ајакс вчера се намачи за да остане во конкуренција за трофејот во холандскиот куп откако фудбалерите на Ерик тен Хаг до последниот судиски свиреж стравуваа во гостинската победа против Телстар со 4-3. Но, пласманот во следната фаза ќе им биде драг поради што урнаа клупски рекорд.

Копјаниците стигнаа до бројката од 155 постигнати погодоци во 2019 година, што е апсолутен рекорд за гигантот од Амстердам. Никогаш претходно не биле олку блиску до оваа граница, што го потврдува напаѓачкиот потенцијал на актуелниот холандски првак.

Ајакс до крајот на оваа година треба да одигра уште еден натпревар, во домашното првенсто против Ден Хаг, а во тој дуел рекордот ќе може да се зголеми доколку Копјаниците остварат уште еден позитивен резултат.

- Оглас -

Најнови вести