Холандски мултиталент: Во 2010 беше јуниорски европски првак во џудо, вечерва ќе игра полуфинале на женскиот Мундијал

Женските репрезентации на Холандија и Шведска вечерва (21 часот) ќе ги одмерат силите за преостанатото место во финалето на Светското првенство, каде што веќе чека актуелниот првак САД. Лалињата за првпат се во позиција да се борат за медал на Мундијалот, додека Швеѓанките трагаат по втор пласман во финалето во третиот нивен настап во топ 4 фазата. Холандија во пресрет на овој дуел е фаворит според коефициентите на Sport Life, а во својот состав кријат „ас“ кој е мултиталент.

Фудбалерката за врска Џеки Гроенен вечерва може да оствари успех со кој само таа може да се пофали доколку Холандија обезбеди настап во финалето од Мундијалот. Гроенен како тинејџерка на 16 години, во 2010 година го освоила златниот медал на јуниорското Европско првенство во џудо, а во исто време тренирала и фудбал. Една година подоцна се здобила со повреда на фудбалски меч, иако ден подоцна требало да се натпреварува на турнир во џудо. Таа повреда била пресудна за Гроенен целосно да се посвети на фудбалот, и покрај тоа што се очекувало да има блескава иднина и во јапонската боречка дисциплина.

Дваесет и четиригодишната фудбалерка очигледно не згреши со изборот. Покрај овој успех со репрезентацијата, таа игра на врвно ниво и на клупски план. Од ова лето е членка на Манчестер јунајтед, претходно четири години играше за женскиот тим на Франкфурт, како и една сезона во дресот на Челзи.

Со Холандија пред две години го освои и ЕП за жени, а на Мундијалот е незаменлива на својата позиција.

 

- Оглас -

Најнови вести