Холандските орли тргнаа по рекордот на Ајакс со пет гола за 19 минути, па застанаа на 6:0

Со пет гола во стартните 19 минути фудбалерите на Го Ахед Иглс најавија реприза на неверојатните 13:0 на Ајакс против Венло во меч игран викендов, но сепак вчера на „Де Адалархорст“ во Девентер не се повтори чудото од саботата.

Популарните холандски орли водеа со 5:0 по неполни 20 минути против НАЦ Бреда во Купот на Холандија, но во продолжението постигнаа само уште еден гол и славеа со 6:0.

Ајакс постигна холандски рекорд со триумф од 13:0 против Венло во саботата, и тоа на гостински терен. Популарните Копјаници до врв ја наполнија мрежата на слабиот домаќин.

На мечот за рекорд блескаше 19-годишниот талент Ласина Траоре со пет гола и три асистенции. Мрежата на домаќините со голови ја дополнија и Екеленкамп и Хунтелар по двапати и Тадиќ, Блинд, Ентони и Мартинес со по еден погодок.

 

- Оглас -

Најнови вести