Холанѓаните најавуваат дека против Макeдонија во Амстердам на ЕП 2020 ќе бидат полни трибините

Организаторите на Европското првенство 2020, за мечевите кои треба да се играат во Холандија, најавија оптимистичка варијанта дека ќе има голем број на навивачи на трибините на стадионот во Амстердам.

„Веруваме дека 2/3 или 3/4 од капацитетот на стадионот ќе може да биде исполнет. Има уште 2-3 месеци до почетокот на првенството, а до тогаш, бројот на вакцинирани луѓе ќе биде значително поголем“, изјави претседателот на холандската фудбалска федерација, Ерик Гуде.

„Амстердам арена“ ќе биде домаќин на трите меча на Холандија во групната фаза. Лалињата се во група со Македонија, Украина и Австрија, што значи дека овие средби би можеле да се играат пред полни трибини.

Холандија одлучи на „Амстердам арена“ да дозволи 5.000 гледачи за дуелот против Летонија кој се игра в сабота, во квалификациите за Светското првенство.

Челниците на Европската фудбалска федерација уште немаат одлучено дали и колку публика ќе биде дозволено на мечевите од континенталниот собир.

 

- Оглас -

Најнови вести