Хопи со хет-трик влеа надеж во Шалке и ја прекина една од најлошите серии без победа во фудбалската историја (видео)

Шалке 04 не дочека да биде без победа точно 365 дена во Бундеслигата, па со убедливи 4-0 славеше над Хофенхајм за прв триумф од 17 јануари 2020 година.

Американскиот тинејџер Метју Хопи, кој има само 19 години, беше вистински херој за тимот од Гелзенкирхен со неговиот хет-трик остварен до 63-тата минута. Неговиот соиграч Амине Харит оствари хет-трик асистенции, односно му ги намести сите погодоци на американската сензација, за потоа и самиот заби за конечни 4-0.

Молбата испратена од германскиот тим Тансанија беше дополнителен мотив за Шалке да ја прекине катастрофалната низа и конечно да се израдува на освоени три бода.

https://twitter.com/noob_fcb/status/1347934866319564802

https://twitter.com/noob_fcb/status/1347935512556937216

Останати резултати 15-то коло Бундеслига:

Леверкузен 1-1 Вердер, Фрајбург 5-0 Келн, Мајнц 0-2 Ајнтрахт, Унион Берлин 2-2 Волфсбург.

- Оглас -

Најнови вести