Хорор: Фудбалер скокнал во река и веднаш бил изеден од крокодил (Вознемирувачко видео)

Страшни вести доаѓаат од Костарика. Фудбалерот Хесус Алберто Лопес, кој играл во тим од пониските лиги, го загуби животот откако бил нападнат од крокодил. Играчот на Депортиво Рио Кањас влегол да се бања во реката која го носи истото име како и клубот за којшто настапувал.

Ненадејно од под водата се појавил крокодил ,кој веднаш го нападнал човекот во водата и за брзо време го убил. Крокодилот потоа продолжил да го држи телото на несреќниот човек, па морала да реагира полицијата, која го убила предаторот.

„Драги пријатели, со неверување ви соопштуваме дека почина нашиот играч Хесус Алберто Лопес Ортиз, викан Чучо. Почивај во мир Чучо“, објавија од неговиот клуб.  Фудбалерот имал жена и едно дете.

Видеото кое е во продолжение е со вознемирувачка содржина и не е препорачливо за сите.

- Оглас -

Најнови вести