Хорор повреда во Србија: Голман на дебито за Раднички остана без бубрег (ВИДЕО)

Голманот на Раднички од Сремска Митровица, Спасоја Стефановиќ остана без бубрег како последица на удар по еден воздушен дуел на мечот против Жарково. Стефановиќ, кој во својата кариера има настапувано и за македонски клубови, го имаше своето деби за овој тим, кое може само да се опише како несреќно.

„Во еден воздушен дуел, тој се здоби со удар, а беше однесен во најблсикиот ургентен центар каде што мораше да му биде одстранет бубрегот. Неверојатно е сето ова бидејќи Стефановиќ дебитираше токму на овој меч“ стои во дел од соопштението на неговиот тим.

Моментот од повредата на голманот можете да го видите во 30. секунда од видеото.

- Оглас -

Најнови вести