Хорор-повредата на Смит ги извади од колосек Борнмут и Тотенхем (видео)

Неефикасниот дуел на „Виталити“ од 34-тото коло во Премиер лигата беше засенет од страотната повреда на Адам Смит. Бекот на Борнмут при воздушен дуел со Бен Дејвис падна на земјата и загуби свест, по што медицинската екипа околу десетина минути се обидуваше да му помогне на англискиот фудбалер.

Инцидентот се случи на половина час до крајот од средбата, па откако Смит го изнесоа на носилки, Борнмут и Тотенхем потфрлија во обидот да остварат победа и ги поделија бодовите. Црешите ја затресоа мрежата на Љорис во истекот на 90-тата минута, меѓутоа погодокот не важеше по реакција на ВАР-технологијата, која покажа игра со рака.

Се играа дополнителни 12 минути, Борнмут имаше прилика да ги изненади Петлите во финишот, кои, пак, немаа удар во рамките на голот во текот на целата средба.

Во меѓувреме, Евертон и Саутхемптон исто така ремизираа, но со конечни 1-1. Гостите поведоа со голот на Ингс во 31-вата минута, Ричарлисон со одличен гол израмни во 43-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести