Храбра изјава: Ние имавме посилен тим од Дрим тимот во 1992 година

Пред 30 години, на Летните олимписки игри во Барселона, кошаркарскиот тим на САД беше прогласен за Дрим тим, а тоа се докажа и на теренот. Американците предводени од Мајкл Џордан и Меџик Џонсон доминантно стигнаа до златото на Игрите.

Потоа Американците создаваа нови Дрим тим селекции, а еден од тие беше националниот состав од 2008 и 2012 година. Американците и во 2012 годинастигнаа до златото на ЛОИ во Лондон, а Андре Игудала кој беше член на селекција од пред 10 години е убеден дека тие имале посилен состав од оригиналниот Дрим тим на САД од 1992 година.

„Не сакам да дебатирам, јас секогаш го избирам тимот на Мајкл Џордан, но има еден исклучок, тимот на САД од 1992 година нема да го победи тимот од 2012 година“, убеден е Игудала.

Во составот од репрезентацијата во 1992 година покрај Џордан и Џонсон, беа уште и Џон Стоктон, Клајд Дрекслер, Крис Малин, Скоти Пипен, Лери Бирд, Кристијан Лејтнер, Чарлс Баркли, Патрик Јуинг, Карл Мелоун и Дејвид Робинсон.

Во 2012 година во составот на САД беа: Крис Пол, Расел Вестбрук, Дерон Вилијамс, Џејмс Харден, Коби Брајант, Игудала, Кармело Ентони, Леброн Џејмс, Кевин Дурант, Кевин Лав, Ентони Дејвис и Тајсон Чендлер.

- Оглас -

Најнови вести