Храбриот Фуркан Коркмаз со потег на кариерата го шокираше Портланд (Видео)

Филаделфија остана единствениот непоразен тим во НБА лигата сезонава, откако со пресврт во последната четвртина славеше со 129-128 на гостувањето кај Портланд. Победникот го одлучи Фуркан Коркмаз со тројка на 0,4 секунди до крајот. Претходно, на 2,2 секунди до крајот, Портланд даде тројка за водство од два поени разлика. Портланд водеше со 21 разлика во третата четвртина, но лесно ја испушти предноста.

„Ова беше најголем шут во мојата кариера. Не знам да опишам што чувствувам, не знам ни како да се однесувам во вакви ситуации“ – рече Турчинот.

Триумфот за Сиксерс е голем и поради тоа што го извојуваа без центарот Џоел Ембид кој е суспендиран на два меча. Филаделфија старт од 5-0 последен пат имаше во 2000/2001, кога тргна со десет победи по ред, и таа сезона стигна до големото финале. На Блејзерс не му помогнаа ниту 19-те тројки, од кои осум беа на Демиен Лилард.

- Оглас -

Најнови вести