Храбро ветување: Ако не го вратам Чави, на сите членови на одборот ќе им платам сезонски билет

Виктор Фонт, еден од кандидатите за нов претседател на Барселона, својата кампања ја основа врз ветувања дека ќе го врати Чави Ернандес во клубот, кој би бил нов тренер на екипата доколку Фонт застане на претседателското столче.

Враќањето на клупската икона е една од првите работи што би ги направил Фонт во својот мандат, а тоа значи дека нема доверба во Роналд Куман, стратегот кој дојде на „Камп ноу“ изминатото лето.

„Доколку победам на изборите, Чави ќе се врати во клубот. Во случај да не успеам да го убедам, ќе им купам сезонски билети на сите членови на клупскиот одбор“, посочи Фонт за шпанското радио „Ла сотана“.

Остварувањата на Чави и неговото влијание во клубот не треба посебно да се потенцираат. Тој е еден од најдобрите играчи во историјата на Барселона. Моментално е во Катар, каде што го усовршува тренерскиот занает, а оттаму еднаш одби да се врати на „Камп ноу“.

- Оглас -

Најнови вести