Хрговиќ нокаутираше Србин од Германија, па рече: Не сум имал полесен противник (Видео)

Хрватскиот боксер и шампион во тешка категорија, Филип Хрговиќ, го нокаутираше Србинот Емир Ахматовиќ кој настапува под германско знаме, а после борбата во Лас Вегас, популарниот „Ел Анимал“ изјави дека вакви борби не му користат, бидејќи потребни му се посилни противници.

Ахматовиќ немаше пораз до синоќа, но немаше шанси против Хрговиќ и борбата беше прекината во третата рунда.

„Од почетокот видов дека тој не е на мое ниво, и само прашање на време е кога ќе го нокаутирам. Не брзав во првата рунда, во втората тој веќе беше на подот, а во третата беше готов. Не можам да напредувам вака. Додека бев аматер, пред десет години, имав посилни противници. Со вакви слаби противници, не сум многу внимателен и примам непотребни удари. Против појаки ривали и јас сум посконцентриран и посилен. Сакам тешка борба на 10, 12 рунди, војна во рингот, е тогаш ќе ме видите во вистинско издание“ – изјави Хрговиќ.

https://twitter.com/i/status/1467310897903411205

- Оглас -

Најнови вести