Хрват освои многу пари на „Милионер“, благодарение на Србинот Новак Ѓоковиќ

Еден од најгледаните квизови на светот се врати на програмата на хрватската телевизија, а на еден учесник, точниот одговор на прашање поврзано со тенисот, му донесе убава парична добивка.

Прашањето за 32.000 куни (нешто повеќе од 4.200 евра) беше во математички стил и гласеше: 7 Австралија опен+1 Ролан Гарос+5 Вимблдон+3 САД опен=?

Точниот одговор беше Новак Ѓоковиќ, а понудени одговори беа и Пит Сампрас, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Натпреварувачот на квизот веднаш го елиминираше Надал за кој знаеше дека има повеќе од еден трофеј на Ролан Гарос, го отфрли и Сампрас, а се двоумеше помеѓу Федерер и Србинот. На крај, се определи за Новак и стигна до загарантирани 32 илјади куни. Подоцна точно одговори на уште едно прашање, но го утна 12-тото, па остана со парите кои му ги донесе одговорот на спортското прашање.

- Оглас -

Најнови вести