Хрватите ѝ ја најдоа слабата точка на Шпанија, па Фуријата засилено тренира изведување пенали

Пеналите се лавиринт од кој фудбалската репрезентација на Шпанија никако не може да излезе, тоа се докажа и на Европското првенство и затоа Хрватска тука ја гледа својата шанса доколку во осминафиналето по 120 минути игра, одиграат нерешено против Црвената фурија.

Ниту Шпанците не седат со скрстени раце, на тренинзите почнаа многу повеќе да тренираат изведување пенали, иако проблемот им е психолошки, а не од незнаење. Засилено тренираат и голманите. Давид Де Хеа е познат како голман кој одамна нема фатено пенал, но тој и така е резерва на Унаи Симон.

Шпанија има неверојатна серија од пет нереализирани пенали едноподруго. Низата ја започна Серхио Рамос со двете утки против Швајцарија, ја продолжи Абел Руиз против Литванија, а на ЕВРО 2020 од 11 метри не реализираа ниту Херард Морено и Алваро Мората. Шпанците се рекордери на европските првенства по број на нереализирани пенали, имаат 7.

Хрватите и Шпанците своето осминафинале ќе го играат в понеделник во Копенхаген, а потоа победникот ќе оди во четвртфинале најверојатно против Франција, која е фаворит против Швајцарија.

- Оглас -

Најнови вести