Хрватите ќе имаат финалист во ЛШ и ЛЕ

Во финалињата од Лигата на шампионите и лига на Европа, ќе има барем по еден Хрват, и ова потврдува дека „коцкестите“ имаат квалитет кој не случајно им донесе сребро на Мундијалот.

Хрватите ќе може да навиваат за еден свој фудбалер во мадридското финале на ЛШ на 1 јуни. Дали тоа ќе биде Иван Ракитиќ од Барселона или Дејан Ловрен од Ливерпул, ќе се знае во првата недела од мај. И во Лига на Европа, во финалето на 29 мај во Баку, ќе игра еден Хрват: Матео Ковачиќ од Челзи или Анте Ребиќ од Ајнтрахт.

Хрватска е една од само трите земји, кои осум години по ред ќе имаат свој претставник во финалето на ЛШ. Другите две се Шпанија и Бразил. Серијата за Хрватска ја почна Олиќ во 2012 година, ја продолжи Манџукиќ во 2013, па Модриќ во 2014, Ракитиќ во 2015, повторно Модриќ во 2016, Модриќ и Манџукиќ во 2017, а лани еден против друг се сретнаа Модриќ и Ловрен.

- Оглас -

Најнови вести